За Нас
Основана: 1947 година
Произведува: КОНТАКТОРИ, БИМЕТАЛНИ РЕЛЕИ, ПРЕКИНУВАЧИ
Површина: покриена - 22 000 m
Непокриена - 40 000 m
Технолошки можности: Производство на бакелит, пластични и метални елементи, како и нивна обработка и галванска заштита.
Низ Историјата

Акционерското друштво „Раде Кончар - апаратна техника - Скопје” својот развоен пат го започнува во 1948 година. Стартот на денешната успешна компанија е со една мала сервисна работилница која покасно прераснува во фабрика “ЈУГ” во кој се репарираа електрични мотори и трансформатори со 30-тина вработени ентузијасти,исполнети со надеж дека новиот колектив ќе им донесе и нови перспективи. Веројатно класична приказна за старт, но оваа група ентузијасти и натаму правеше видливи резултати, се реконструираа производните капацитети,се зголемија инвестиционите вложувања,се збогати асортиманот па во 1958 година бројот на вработени порасна на 134.

Овој несопирлив о'д продолжи и во наредните години па како резултат на ваквите квалитативни промени и успеси фабриката “ЈУГ во 1962 година се инкорпорира во една од најголемите корпорации во тогашната држава Југославија големиот Холдинг “Раде Кончар” со седиште во Загреб. Со приклучувањето кон овој систем, на просторот на првично формираната фирма на површина од 10.000 м2 изникнуваат нови фабрички хали и производни капацитети, се набавуваат софистицирани машини и се воспоставува најмодерна технологија за производство на нисконапонски апарати.
Ваквиот развоен процес во 1965 година финишира со формирање на “Раде Кончар-контактори ирелеи”,бренд што ја обезбеди својата денешна производствена препознатливост!

„Раде Кончар - Контактори и релеи” израснува во единствена фирма на Балканот со сопствено производство на AC и DC управувани моторни и помошни контактори , модуларни контактори, биметални релеи, нисконапонски прекинувачи, брегасти склопки, електронски временски релеи, тастери, со еден збор, ги произведува сите основни елементи на релејно контакторско управување. Притоа, успешно се заокружува целата процедура при набавка на репро материјали и нивна влезна контрола, конструкција на деловите и нивните алати, производство на алатите и самите делови, нивна монтажа во финален производ како и завршна контрола и испитување согласно меѓународните стандарди.
Менаџмент
Александар Јанчиќ, дипл.ел.инг.
Управител
Tel/Fax:++389 2 2461 106; ++389 2 2463 509
Email: jancic@radekoncar.com.mk
Чедомир Стојковски, дипл.маш.инг
Пом. Управител
Tel/Fax:++389 2 2461 106; ++389 2 2463 509
Email: elpro@radekoncar.com.mk
Ставре Нацкулов, дипл.ел.инг.
Комерцијален Директор
Tel/Fax:++389 2 2463 620; ++389 2 2463 596
Email: nackulov@radekoncar.com.mk
Ванчо Маџов, дипл.ел.инг.
Директор за надв. трговија
Tel/Fax:++389 2 2465 586; ++389 2 2464 167
Email: madzov@radekoncar.com.mk
Aна Киријас, дипл.ецц.
Пом.управител за план и анализа
Tel/Fax:++389 2 2461 106
Email: ana.kirijas@radekoncar.com.mk
Велибор Ивановски, дипл.ел.инг.
Директор за техн. сектор
Tel/Fax:++389 2 2461 106
Email: razvoj@radekoncar.com.mk
Милан Цветковски, дипл.ел.инг.
Управник на контрола
Tel/Fax:++389 2 2463 596
Email: kontrola@radekoncar.com.mk
Наши Партнери
РАДЕ КОНЧАР има воспоставено голема мрежа на дистрибутери низ целиот свет со извозни активности кои имаат огромен пораст од година во година.